Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

петок, 13 јули 2007 г.

Schweinsteiger се враќа веќе во недела?

Многу е веројатно да Бастиан Швајнштајгер по тримесечна пауза заигра на пријателскиот натпревар со Албштад 07 во недела. "Изгледа многу подобро" изјави Швајни во петокот. Последниот натпревар за Баерн тој го одигра на 7ми Април против Хановер па логично малку повеќе внимаваше на коленото за време на тренизите. Сепак како што и самиот изјави "коленото не ми направи никакви проблеми во текот на тренинзите". "Се надевам дека најкасно за една недела ќе бидам на исто ниво на физичка подготвеност како и остатокот од тимот". Како цел за претстојната сезона Швајнштајгер си постави "да играме атрактивен, ефективен и успешен фудбал" а на прашањето на која позиција тој самиот се гледа по доаѓањето на Франк Рибери(кој најверојатно ќе му го зафати местото по левата страна) дофрла: "Тоа е работа на тренерот. Мое е да дадам 100% на тренинг а што ќе се случи потоа ќе видиме. Лично сметам дека Франк е одличен, технички верзиран фудбалер од кого можам многу да профитирам. Со нетрпение очекувам да заиграм покрај него".


Конкуренција Швајни има на која и страна да се сврти(десно тука се Соса и Алтинтоп кои се покажаа сосема солидно во досегашните пријателски натпревари) па се чини тој се враќа во борба за стартниот состав за првото коло во вистински момент.

Нема коментари: