Lucio назад во тимот
Одлични вести од лекарскиот тим на Баерн- зелено светло за да се врати на тренинг доби 29-годишниот капитен на бразилската репрезентација Лусио. Лусио отсуствуваше од фудбалските терени од крајот на Мај минатата сезона кога беше и опериран. За почеток Лусио треба да апсолвира "дозиран" тренинг пред да може да им се приклучи на колегите и да учествува во комплетна тимска тренинг-сесија, што би требало да се случи во текот на следната недела.
Ова се дефинитивно добри вести за Хицфелд кој досега можеше да смета само на Ван Бајтен и Демикелис од ценралните одбрамбени играчи во тимот. Со враќањето на Лусио и особено на Исамел конкуренцијата за двете места во првиот тим и тоа како ќе се заостри што сигурно ќе води кон подобри настапи. Ова е особено битно ако се знае дека овој дел од тимот(централната одбрана) имаше неколку катастрофални настапи мината сезона и по овој трансфер период остана единствен незасилен дел од тимот(барем досега).
Јасно е дека на Хицфелд(кој и самиот изјави дека "само со стабилна одбрана може да освојуваш титули") му претстои многу работа, да ги избере двајцата првотимци и да се погрижи тие да се повоиграни отколку што тоа беше случај во минатата сезона.
1 коментар:
Браво, постарал си се ;) И поне го пишеш на кирилица, което е похвално.
И все пак има някакви смесици немски - кирилица детo леко не ми допадат.
Дано популизираш добре Байерн в Македония
thefpi
Објави коментар