Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

среда, 11 јули 2007 г.

Ribery експресно се интегрира во тимот


"Франк веднаш си го најде местото во тимот. Тој е едноставен човек кој е прекрасно примен кај сите соиграчи. Да бидам искрен малку и сум изненаден заради вака брзата интеграција"- прокоментира генералниот менаџер на Баварците Ули Хенес за време на тренинг-кампот во Швајцарија во кој Баерн се подготвува за новата сезона. "Имам впечаток дека кај нас се чувствува и повеќе од одлично"- продолжува Хенес.

Само како поткрепа на оваа изјава може да послужи и коментарот на Филип Лам: "Кога се во прашање спортските аспекти кај Рибери нема за што да се дискутира- Франк е едноставно светска класа. Ја нагазува педалата за гас во текот на сите 90 минути, неверојатно е брз и технички подготвен како ретко кој друг играч во Европа. Освен тоа човек неверојатно лесно може да комуницира со Франк поради неговиот карактер, иако сеуште не го владеее Германскиот јазик". А на прашањето "Како оди комуникацијата?" дофрла "Со раце, нозе, малку Aнглиски и малку Германски".

Се чини Баерн се засили не само на спортски план туку доби и еден голем човек и цврст карактер надвор од теренот што можеби е и уште поголема придобивка.

Нема коментари: