Шафхаузен - Баерн 0:4
Во четвртиот пријателски натпревар кој Баерн го одигра во рамките на подготвителниот период пред почетокот на новата сезона совладана беше екипата на Шафхаузен(екипа која минатата сезона испадна од првата во втората лига на Швајцарија и која се наоѓа доцна во фазата на подготовки за Швајцарското првенство кое започнува за 10 дена).
Во првото полувреме гледачите во целосно распродадениот стадион(7.500 гледачи) беа сведоци на една брза и екстремно директна игра на гостите од Германија која сосема заслужено резултираше со водство од 2:0. Откако Рибери неколкупати со атрактивни удари и уште поатрактивни пасови во шпицот не успеаа да го изнуди првиот гол за водство се погрижи повратникот Зе Роберто кој од слободен удар го совлада домашниот голман а за вториот гол пред паузата се погрижи засилувањето од Фиорентина- Лука Тони откако одлично беше проигран од неговиот партнер во нападот Миро Клосе. Многу забележливо беше дека и Тони и Клосе не спијат во нападот тука активно се вклучуваат во секоја акција и често излегуваат по бочните позиции.
Во вториот дел Рибери продолжи таму каде застана- прво по продор по левата страна го послужи Клосе за кусо потоа со брз дриблинг по десната страна да му асистира на Тони за овој да го пстигне својот втор гол на мечот. Клосе и Тони се чини и неможеа да промашат по овие асистенции. Штета е само што и самиот Рибери не успеа да се запише во листата на стрелците иако имаше и еден спектакуларен обид од слободен удар. Се доби впечаток дека засилувањето од Марсеј по само 10 дена тренинг е близу 100% фит и подготвен за сезоната.
После четвртиот гол Хицфелд сосема очекувано реши да ги одмори ѕвездите(пред се Клосе и Тони) и шанса да им даде на резервистите и младите играчи па до крајот на натпреварот, освен неколку индивидуални акции(најчесто по иницијатива на Рибери нормално) и не се случи ништо поинтересно.
FC Schaffhausen - FC Bayern 0:4 (0:2)
FC Bayern: Kahn (46. Rensing) - Altintop (86. Celozzi), Van Buyten (68. Hummels), Demichelis, Lahm (46. Jansen) - Sosa (68. Lell), Van Bommel, Zé Roberto (46. Ottl), Ribéry - Klose (71. Fürstner), Toni (68. Wagner)
Голови: 0:1 Zé Roberto (37.), 0:2 Toni (40.), 0:3 Klose (51.), 0:4 Toni (63.)
Жолти картони: Schlauri(Шафхаузен)
Highlits:
Нема коментари:
Објави коментар