Вили ги изненади сите...
Но за жал негативно. Сањол јавно на националната германска ТВ ЗДФ изјави дека побарал од раководството во зимскиот преоден рок да го напушти Баерн. „Разговарав со првите луѓе и побарав да ме ослободат да си одам во зимскиот преоден рок“- беше изјавата на Французинот. „За ова ќе зборуваме во лседните неколку недели“- дополни тој.
Причини за ваквото барање не беа наведени но во воздух останаа да висат шпекулациите дека Сањол е незадоволен поради нееиграњето после неговата седум месечна повреда. Вчера на дуелот со Волфсбург Хицфелд повторно доверба му даде на Кристијан Лел на десната бековска позиција.
Но дека оваа изјава дојде како гром од ведро небо потврди токму Хицфелд: „Навистина не очекував вакво нешто. Тој отсуствуваше седум месеци не смеам ни да помислам да ризикувам со неговотопребрзо враќање на терените.“
Крајно лут на Сањол беше и капитенот Кан: „Не знам што му е. Вака не оди. Само тренерот може да одлучи кој ќе игра а кој не. А ако си бил повреден толку долго време мораш сам да се избориш за место назад во тимот.“- прокоментира Кан.
Од друга страна Исмаел и официјално доби зелено светло да си бара нов клуб па веројатно е тој веќе зимава да го напушѕи Баерн. Брено од друга страна веројатно веќе ги пакува куферите...
Нема коментари:
Објави коментар