На ред се Хамбург и ван дер Ваарт
Во победата од 3:0 минатиот викенд против Хановер Мартин Демикелис ги доби сите дуели со противничките напаѓачи. Тешко дека некој може да поверува дека истиот оној Демикелис од лани ќе заврши натпревар со 100% добиени дуели. Тој заедно со Лусио ја гради гранитната одбрана на Баерн пред голот на Кан. А кога сме кај Кан- што се однесува до досегашните натпревари Баерн комотно можеше да настапува и без него. Во три натпревари Кан мораше да одбрани исто толку удари кон голот- 3! Ова се повеќе и повеќе личи на оној Баерн од првата сезона на Хицфелд во Баерн- 98/99 кога тимот доминираше на секое натпреварување во кое учествуваше.
И додека комплетно новата офанзива предводена од Рибери, Клосе и Тони е во центарот на вниманието на јавноста Хицфелд е свесен дека само со супериорен напад не се совојуваат титули. "Лусио и Мартин се надминаа себеси сезонава. Од натпревар во натпревар фукционираат се подобро и тоа е екстремно важно".
За помош на двајцата централни одбрамбени играчи на Баерн тука се в. Бомел и Зе Роберто кој сезонава играат како да се заедно во тимот 10 години- а не како да им е прва сезона еден покрај друг. Перфектно се надополнуваат- кога едниот оди да и помогне на офанзивата другиот останува назад и обратно.
Но се чини дека во недела доаѓа и најтешкиот тест за одбраната(рековалесцентниот тим на Вердер пред две недели и не беше некој предизвик). Не дека Хамбург е некоја машина за голови сезонава- далеку од тоа. Но холандскиот плејмејкер во тимот од северна Германија- Рафаел ван дер Ваарт- во минатото секогаш успевал некако да го најде патот до голот на Кан. Ова незгодно гостување и следниот натпревар со Шалке би требало да бидат вистински тестови за одбраната- и целиот тим нормално. Две победи во овие две кола би значеле многу и за сопствениот морал а сигурно би го потопиле и моралот на конкуренцијата.
Што се однесува до повредите- Клосе најверојатно се враќа во тимот а позади Тони има дебел прашалник. Рибери ќе игра и покрај тоа што над него беа направени многу нефер стратови во минатите кола(за што, сосема оправдано ако се имаат во предвид и стартовите на Налдо врз Клосе, за збор се јави и генералниот менаџер Ули Хенес кој побара од судиите повеќе да ги заштитуваат креативните играчите) исто како и Лусио кој претрпе незгодна повреда на тренингот во петокот. Прв пат по две недели во тимот повторно е и Соса а Марсел Јансен сеуште ќе мора да почека за враќање на терените.
1 коментар:
zdravo, jas sum Kole od Strumica, alal ti vera za blogot mada mislam oti nesto mu fale ama neznam uste sto golem pozdrav i znaj deka dobi eden veren posetitel na tvojot blog e-mail: stakur1371@yahoo.com
Објави коментар