Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

понеделник, 13 август 2007 г.

Младите во 1/4 финале на U19 Champions Youth Cup 2007

На турнирот во огранизација на Г14(http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/d/d5/G-14.jpg) младите Баварци, во група со еден од фаворитите на турнирот- Челзи, ПСВ Ајнтховен и домашната Малезија се пласираа во нок-аут рундата. По двете победи над Малезија(2-1) и ПСВ(1-0) доволно им беше само реми со младите фудбалери на Челзи(1-1) за понатамошен пласман. Она што е интересно е дека во сите три натпревари гол постигна одличниот Виктор Боп(на слика) и тоа победоносниот гол со Малезија, од пенал со ПСВ и вистинска бомба за 1-1 со Челзи.

Во 1/4 финалето(утре- 14.08.2007) на ред е најнезгодниот можен протвник за Баерн- Милан. Миланезите во досегашниот дел од турнирот имаат ист скор како и Баерн- едно нерешено(1-1 со Фламенго) и две победи на Италијански начин(два пати 1-0 со Ајакс и Арсенал). Она што е Боп за Баерн за Милан е Аубамејанг- стрелец на сите три гола за Милан досега на турнирот. Да се надеваме дека младите ќе им покажат како треба со Милан на сениорите...

Нема коментари: