Полди и Вале се враќаат против Грасхоперс
Освен тоа што на Баерн му припадна честа да биде последна странска екипа која ќе игра натпревар на 78-години стариот Хардтурм Стадион во Цирих пријателскиот натпревар кој ќе се одигра вечерва со еден од првите клубови кои Хицфелд ги тренирал во кариерата(од 88 до 91), од перспектива на Баерн, е битен и поради кам-бекот кој вечерва ќе го имаат Лукас Подолски и Валеријан Исмаел. Полди е отсутен од терените од Април а Исмаел ја пропушти цела ланска сезона поради серија незгодни повреди.
Сигурно е дека вечерва нема да игра првиот тим на Баерн но Хицфелд нема да игра ниту со третата постава па во Цирих одпатуваа и неколку првотимци . Сепак најбитно е сите здрави да се врата во Минхен и да започнат подготовките за тешкото гостување во недела против Хамбург.
Нема коментари:
Објави коментар