Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

среда, 15 август 2007 г.

"Ќе игра се додека го носат нозете"...

Кога вечерва во 18ч., на првиот "Франц Бекенбауер Куп" ракавиците ќе ги вкрстат двата европски гиганти- Баерн и Барселона во центарот на вниманието нема да биде резултатот и првиот освојувач на купот. Причина за тоа е една вистинска клубска икона која вечерва официјално ќе се прости од дресот на Баерн- Мемет Шол. "Тој е легенда. Овој натпревар со Барселона ќе биде последниот хајлајт во неговата кариера. Тоа е и најмалку што тој заслужил. Таков играч засекогаш ќе остане во срцата на навивачите"- вели Хицфелд пред почетокот на натпреварот... и во право е: Шол цели 15 сезони го носеше дресот на Баерн и за тоа време собра цела соба трофеи- 8 титули во националното првенство, 5 купа на Германија- рекорд за Германија-, Купот на УЕФА, Лигата на Шампионите и Светското Клубско Првенство. Освен Шол на овој натпревар официјално ќе биде испратен уште еден екс-Баварец- Рој Макаај. Холанѓанецот кој од 2003 го носеше дресот на Баерн, ова лето мораше да им отстапи место на Клосе и Тони но и тој со многуте голови во минатите 4 сезони си осигура место во срцата на фановите.

Барса во Минхен допатува со сите ѕвезди и натпреварот го сфаќа доста сериозно имајќи предвид дека ова е и нивни последен тест пред почетокот на Премиера Дивизион. За фудбалерите на Баерн пак(оние кои не се збогуваат туку остануваат), ова ќе е попатна станица до многу важниот натпревар во сабота против Вердер. Сепак како што вели Хицфелд: "Шанса ќе добијат и многу резерви но сигурно нема да игра тим како против Мајорка, Келн или Гладбах"(кога натеренот доминираа аматерите и младите). "Ова е убав тест да видиме како ќе се презентираме против силен европски тим. Нормално е дека не сакаме да загубиме но факт е дека на сите во главите ни се врти натпреварот во сабота со Вердер"- изјави в.Бомел кој лани токму од Барселона се пресели во Минхен.

Од друга страна единственото нешто во главата на Шол сигурно е вечерашниот натпревар. Тој уште од неделата тренира со првиот тим на Баерн за да влезе подготвен во прошталниот натпревар. "Колку долго ќе игра зависи од тоа како ќе игра, ние не го испланиравме тоа пред натпреварот. Тој ќе игра се додека го носат нозете"- додава Хицфелд за крај.

Нема коментари: