Сезоната отворена!
По двеиполмесечната пауза конечно повторно фудбал низ стадионите во Германија. Осуманесет екипи, сите со свои цели и проблеми влегуваат во новата сезона која синоќа официјално ја отворија шампионот Штутгарт и вице-првакот Шалке. Во еден интересен натпревар двете екипи имаа шанси но се чини понезадоволни од крајниот 2-2 треба да бидат домаќините кои се на се има повеќе од играта.
Во 15:30 денеска на Алианц Арената сезоната започнува и за најголемиот фаворит за титулата- Баерн Минхен. Прва пречка на патот до врвот за Баварците е повратникот во елитното друштво во Германија- Ханза Рошток.
Натпреварите од Бундес Лигата и годинава ексклузивно за Македонија ќе одат на АласатМ телевизија. Баерн-Ханза е првиот натпревар кој ќе оди во живо во ударниот(стандарден) термин за Бундес-натпревари- Сабота 15:30.
Нема коментари:
Објави коментар