Ја намачкал кваката со паста за заби...
На фудбалските квалитети на Рибери се чудеше цел свет уште минатото лето за време на Мундијалот во Германија. А ова лето новите соиграчи на Франк добија уште работи на кои може да им се чудат. "Франк е голем сеирџија. Можам да ви ракажувам работи... нема ни да верувате"- прокоментира пред тренингот Клосе без да навлегува во детали за какви "работи" станува збор.
Појасно стана кога проговори самиот Рибери: "Не сум баш срамежлив тип. Често и радо правам мали работи за забава.. знаете... како на пример да му ставам некому сол во кафето или да му скријам копачките...". По една ваква приказна Рибери и вистински се приближил до соиграчите. Имено Французинот ја намачкал кваката од вратата на собата на Подолски со паста за заби пред овој да влезе внатре. Паста за заби е финта-класика ама затоа секогаш успева. "И не сум тип што којзнае колку мисли пред нешто да направи(очигледно ова важи како на така и надвор од теренот). Едноставно сакам да им приредам што е можно повеќе среќни моменти на навивачите".
Дека може да биде и сериозен Франк покажа кога стана збор за неговите цели со новиот тим. "Сакам да освојам се што може да се освои. Се разбира помило ќе ми беше да играв Лига на Шампиони. Но и вака мора да дадеме се од себе и да стасаме колку што е можно подалеку во Купот на Уефа". За неговата соработка со напаѓачите Клосе и Тони Рибери додаде: "Не е лесно... едниот е Германец а другиот Италијанец. Но факт е дека од тренинг до тренинг се подобро и подобро комуницираме- што преку мимики со телото, што преку нови зборови". Освен тоа за да му помогнат во комуницирањето на Рибери во прва линија задолжени се и соиграчите Даниел Ван Бајтен(Белгија) и неговите сонародници Валеријан Исмаел и Вили Сањол.
Иако репризата на финалето на С.П. е далеку(Италија и Франција играат на осми септември) Рибери уште одсега има план како ќе им донесе победа на "Петлињата". "Ќе дојдам порано, ќе им влезам во кабината и ќе му ги заменан копачките на Тони со кондури... со нив нема шанси да ни даде гол".
Иако репризата на финалето на С.П. е далеку(Италија и Франција играат на осми септември) Рибери уште одсега има план како ќе им донесе победа на "Петлињата". "Ќе дојдам порано, ќе им влезам во кабината и ќе му ги заменан копачките на Тони со кондури... со нив нема шанси да ни даде гол".
Нема коментари:
Објави коментар